Претседател со ПРЕЧКИ во развој

by fokus

Бадијала 67 потписи за обезбедено собраниско мнозинство, џабе Заев читаше владина програма во која нема двојазични пари и слични курирско-куртонски спинови.

На телефонската си секретарка, која претенциозно се нарекува претседател на РМ, Пастирот стиснал двојче каде што е снимена пораката – „изјави дека ПРЕЧКИТЕ за давање мандат не се отстранети“.

И така, претседателот со пречки во демократскиот и уставно-правен развој и „оствари“.

Морам да му оддадам признание на Груевски што создаде совршенство од „заробена држава“. Алал вера, мајсторе!

Апелирам Хорхе да му додели орден за „ваја направија“. Коце, пак, да посвети еден споменик грандиозен, паралелно со „Воинот на коњ“, а да го изваја Вале како „Пастирот со 450 илјади овци на коњ“.

Уште еднаш, фала ти пастиру што помогна да разбереме, нѐ просветли, колку морони и шајшутки имало меѓу нас.

Пишува
Јадранка КОСТОВА

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС”