Преродбата ја „прероди“ Македонија од држава во контрадржава

by Фокус

Навистина само странски служби можат да ѝ стават крај на оваа власт. Ама не странски тајни служби, туку странски финансиски служби, т.е. тие што одобруваат кредити.

Оти ние баш таква земја станавме, превртена, небаре не сме веќе нормална држава, туку сме станале контрадржава, во која се смета за страшно ако странски тајни полиции демек ѝ помагаат опозицијата да дојде на власт, ама нема ништо страшно ако странски кредитори ѝ помагаат на власта да остане на власт.

И во поговорката „Каменот доаѓа од близу, а не од далеку“, деновиве една од најцитирани изреки, има длабока вистина.

Каменот кој ќе го сруши овој режим нема да дојде од опозициските гласачи, туку од револтот однатре, од оние кои до сега беа верни и лојални и кои ако не добијат пари за таа лојалност и верност, нема веќе да бидат верни и лојални. 

Пишува
Нено БОГДАН

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”