Последиците од игнорирањето на реалноста

by fokus

Навистина треба да се престане со игнорирањето на оние луѓе кои сега-засега се глуви на пораките на опозицијата. Ти можеш да ги игнорираш сите оние кои не гласаат за тебе сметајќи ги за глупаци, сељаци и заостанати, ама не можеш да ги игнорираш последиците од игнорирањето на тие луѓе.

Последици од типот на недобивањето на нивните гласови и губењето на изборите, и поплавата од репресивни мерки, која ќе уследи потоа од страна на осоколената власт. Можеби е факт дека тие луѓе навистина се глупави, сељаци и заостанати, но и да е факт – што менува тоа?

Реалноста е битна, а таа вели дека тие луѓе може да се убедат да гласаат за режимот, ама може да се убедат да гласаат и против режимот. Која од овие две реалности треба да стане факт?

Пишува
Нено БОГДАН

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”