Полицијата тепа граѓани за да го покрие резилот на Груевски

by Фокус

Откритието од „бомбите“ на Заев дека полицискиот специјалец Игор Спасов бил ангажиран со усна наредба да го заштитува јавниот ред и мир на прославата на ВМРО-ДПМНЕ по победата на изборите во 2011-та, на случајот со убиството на Мартин Нешкоски му дава нова димензија.

Сега е јасно дека кругот одговорни за смртта на младото момче не смее и не може да заврши само со полицаецот Спасов. Пред сѐ, од бомбите разбравме дека командна одговорност мора да има и поранешниот прв обезбедувач на премиерот Дејан Митровски – Урко, како и највисоките врвови на власта кои го затскривале случајот.

Но министерката Јанкулоска, која лаконски ги минимизираше откритијата од аудиоснимките, и нејзиниот шеф Груевски, испратија до заби вооружени полициски сили со наредба да ги тепаат граѓаните за да ја покријат својата одговорност за прикривањето на вистината за убиството

Пишуваат
Валентина СТОЈАНЧЕВСКА
Љубиша АРСИЌ

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”