Покајници

by Фокус

Библијата го дефинира покајувањето како промена на мислењето кое резултира со промена на однесувањето.

Покајувањето е почеток на спасението, бидејќи со него се настојува да се исправи злото и да се постигне опростување.

Во религиозен контекст тоа се толкува како признавање пред Господ и секогаш содржи елемент на признавање вина.

Во Новиот завет, еден од клучните описи на покајување е приказната за блудниот син поместена во Евангелието по Лука.

Во материјалниот современ живот, изразот покајник потекнува од италијанскиот збор pentito и прв пат почнува да се употребува во 1980-те години од минатиот век за лицата кои дотогаш службено се нарекувале „соработници на правдата“.

Нивните сведочења се користеле за спречување на терористичките насилства во периодот на т.н. Оловни години во Италија.

Профилот на овие вртикапи претежно е од сортата „продавам вера за вечера“, тие немаат ништо заедничко со морал и интегритет, секогаш се од страната од каде што дува ветерот, но затоа, пак, се корисни и употребливи кога се случуваат промени.

Ним секоја нова власт им става „магарешки уши“ откако претходно им ги избива сите бубачки од главите и ги трансформира во горди послушници

Пишува
д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”