ПИСА тестирањето покажа дека образованието нема светла иднина: Родителите избираат вештачка интелигенција, а децата не знаат да читаат

by bogdan 14:55
14:55

ПИСА-оценувањето, кое го спроведува Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), покажа дека македонските ученици се значително под меѓународниот просек.

Прекумерната употреба на мобилните уреди, кои го одвлекуваат вниманието на учениците, негативно влијае врз основното знаење кај учениците ширум светот.

Но, македонскиот образовен систем, покрај овие современи предизвици, се соочува и со низа дополнителни проблеми – политизација на образованието, материјално ориентирана генерација родители и несоодветни наставни програми. Според објавените податоци, во Македонија, само околу 26 проценти од учениците го достигнуваат основното ниво на читање, додека просекот во земјите на ОЕЦД е околу 69 проценти.

Најдобри резултати, македонските ученици постигнале во 2018 година, што се поврзува со периодот на примена на Кембриџ-програмата, која во македонскиот образовен систем беше предмет на остри критики од голем дел од засегнатите страни.

Пишува
Орце КОСТОВ

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК