Според информации на „Фокус“, ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН постигнале договор да нема предвремени парламентарни избори.
Имено, за време на преговорите за владината реконструкција, прво барање на ВЛЕН, уште пред да почнат разговорите за кадровски прашања, било да нема вонредни избори, а ВМРО-ДПМНЕ се согласила на тоа.
Па, оттука, ако ВМРО-ДПМНЕ одигра на картата за предвремени парламентарни избори во следната 2027 година, без оглед дали тоа би го направила од политички причини (да го искористи моменталниот висок рејтинг визави конкурентите) или од технички причини (да има уште едни вонредни парламентарни избори и во пакет со претседателските во 2029 година), тоа дефинитивно ќе значи дека водечката партија во власта го прекршила договорот со сегашниот албански партнер.
Но, дали тоа истовремено ќе подразбира дека се влегува во сценарио на постизборна промена на политичките сили и владината структура, односно дали тоа ќе значи дека во игра е камбек на ДУИ во власта?
Пишува
Влатко СТОЈАНОВСКИ
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК