„Фокус“ досега во два наврати ја обработуваше темата за изградба на хотел покрај Охридско Езеро од страна „Дивелоп груп“, каде што содружник е семејна фирма на Сашо Мијалков.
Прво, пишувавме на кој начин се спасувал овој објект, кој првично требаше да биде завршен до 2018 година, но почна да се гради дури лани.
Па така, неодамна обелоденивме дека Општина Охрид и инвеститорот потпишале 2 анекс-договори, со кои фирмата платила казни и камати од половина милион евра, но добила продолжен рок за изградба на хотелот. Воедно, пишувавме и за позицијата на локалната самоуправа дека со законски измени се избегнала обврската за студија/елаборат за животна средина.
Во минатонеделното продолжение, пак, ставивме акцент на наводите на невладините организации предводени од „Фронт 21-42“, според кои градежната дозвола е ништовна, бидејќи е издадена без претходно спроведена оцена на влијанието врз животната средина.
Притоа, нотиравме дека се наведува локацијата на проектот како критериум, при што особено се истакнуваат објектите во близина на водни живеалишта, крајбрежни зони на водни екосистеми и подрачја под посебна заштита, а токму во такво подрачје е лоциран хотелот во Горица.
Во оваа трета сторија детално ја обработуваме пријавата на невладините до ДКСК, претставката до Владата и тужбата до Управниот суд, каде уште повеќе се проблематизира законитоста на одобрението, па дури се испорачуваат обвинувања за корупција.
Покрај тоа, во овие документи со кои располагаме се оспорува и урбанистичкиот план, со тврдење дека тој не е во согласност со Планот и со Законот за управување со светското наследство во охридскиот регион, кои налагаат дека планот донесен во 2007 година морало да биде изменет до крајот на 2020 година.
Но, ако новиот план бил законски, не можел да предвидува хотел, бидејќи планираната „група на хотели во Горица“ е посочена како „закана“ за светското наследство.
Пишува
Влатко СТОЈАНОВСКИ
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК