Дури 13 години не се користат пет апарати за зрачна терапија за болните од рак, вредни над 21 милион евра!

by fokus

Повеќе од 15 години, преку набавката на медицинска опрема, се „плете“ една коруптивна приказна, а многумина функционери завршија со „рачињата во медот“.

Над 200 медицински апарати, вредни преку 100 милиони евра, фаќаат прашина и скапуваат во подрумите, а пациентите умираат по болничките ходници додека им го закажат потребното снимање, па и додека чекаат резултати од истото.

Пред две недели, со загрижувачки податоци на оваа тема излезе и Државниот завод за ревизија, каде што беа опфатени само три години за набавка на апарати, и тоа од 2021 до 2023 година.

Во анализираниот период, за потребите на државното здравство набавена е медицинска опрема во вкупна вредност од 16,2 милиони евра финансирана со буџетски средства, со заеми и донации.

Поради необезбедени кадровски и просторни услови, опрема со вредност од 13 милиони евра, и понатаму не е ставена во употреба, а опрема со вредност од 5,5 милиони евра не се користи во полн капацитет.

Пишува
Ирена МУЛАЧКА

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК