Основата и корените на Република Македонија се во антифашизмот

by Фокус 20:15
20:15

Черноземски и Тито припаѓаат на сосема различни и спротивставени политички струи. Черноземски е орудие на Ванчо Михајлов, кој веќе е сојузник на Мусолини и на Хитлер, а Тито веќе во 1934 година припаѓа на политичарите кои жестоко се борат да се отстрани опасноста од фашизмот и нацизмот во Европа.

За време на НОАВ, ВМРО и неговите деривати се на страната на фашизмот и нацизмот. Нашата историографија досега не нашла ниту еден повик на ВМРО, упатен кон Македонците, за борба против окупаторските фашистички власти.

- Advertisements -

Напротив, познато е дека, иако ВМРО во тоа време практично не постои како организација, во Македонија и во Бугарија неговите членови и симпатизери соработуваат и се инструменти на насилството што окупаторот го применувал против Македонците.

Со НОАВ политички раководи Комунистичката партија на Македонија, која е дел од Комунистичката партија на Југославија, и таа со својата политика успева да ја вброи Македонија во редот на антифашистичките сили како составен дел на народноослободителното движење, на чело со Тито, во Југославија. Значи, во народноослободителната антифашистичка војна ВМРО е во редот на поразените сили.

Пишува
Стојан АНДОВ

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”