Опозицијата со „бомбите“

by Фокус 20:20
20:20

Лидерот на опозицијата, Зоран Заев, најави дека ќе активира „бомба“ по која Груевски за три дена ќе треба да си поднесе оставка.

Дека врвот на опозицијата има нешто скандалозно во своите фиоки е јасно уште од последните избори, кога ја обелодени аферата „Македонска банка“ и плаќањето „во кеш или жирално“.

- Advertisements -

Очигледно е дека станува збор за серија огромни афери.

Но, што е тоа што Заев верува дека би го натерало Груевски да поднесе оставка? Што е тоа што премиерот би го натерало да се повлече и некому да му ја остави државата на „тацна“, а веќе деветта година прави сѐ да остане на нејзино чело?

Што е тоа што може да влијае врз меѓуетничките односи, а ќе ја натера државата и граѓаните во неа да бидат со наведната глава?

Ако опозицијата има нешто што ќе го натера премиерот да се повлече, зошто бараат преговори со него?! Не знам што е бомбата, ама што и да е, ништо не е штетно повеќе од тоа Груевски да биде премиер на Македонија и во 2015 година.

Пишува
Џелал ХОЏИЌ

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”