О, позицијо!

by Фокус 11:45
11:45

Поради тоа што по изборот на специјален обвинител почнува некаков вид специјална фаза на Македонија, почувствував дека настапува еден период во кој и пишувањата веќе ќе требаат да имаат некоја специјалност.

Ако не останала некоја специјалност поради општата состојба во земјата, тогаш барем некоја специфичност.

- Advertisements -

А и ако не се постигне во целост некоја специфичност, тогаш барем во изборот на темата да има некоја посебност.

Една таква посебна тема и прашање се опозициските политички партии и движења кои во иднина ги таргетираат посебно гласовите на граѓаните Албанци.

Тие се вистинската опозиција во делот на политичкиот живот кај Албанците и сочинуваат голем дел од општата опозиција во државата.

Но, како и некои други карактеристики и подвоеноста на опозицијата во државата е наша посебност.

Толку што на неколкупати владејачките коалиции, иако по пратеници и однесување беа мнозински, тие по број на освоени гласови беа малцински влади.

Со новите политички превирања и внатре во ДУИ, албанските опозиционери, освен специјални, станаа и интересни.

Пишува
Рамадан РАМАДАНИ

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”