Нема преродба за непријателите на Преродбата!?

by Фокус

На мнозина не им е гајле за страдањето на другите … Зошто да им е грижа за другите, ако тие други нема да им дадат 500 денари дневница и сендвич со мортадела.

Затоа за нив е лесно да видат предавство кога македонски опозициски политичар зема пари од Грци, ама не е предавство кога македонската власт (како во аферата „Актор“) им дава буџетски, народни пари на Грци за овие во кеш да ги изнесуваат од државата.

За нив е лесно да видат криминал во сто илјади евра во кеса, ама не и во 750.000 евра во шише. Оти, тие и онака не го гледаат криминалот, туку го гледаат криминалецот.

Ако тој им дава дел од пленот, тогаш е добар и не треба да се казнува. Ако пак не им дава дел од пленот – дури и да е невин, треба да биде казнет.

Не е крив тој што зема, крив е тој што не дава на другите!

Пишува
Нено БОГДАН

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”