Груевски треба што поитно да си оди!

by Фокус

Решавањето на длабоката политичка криза во Македонија, сѐ уште не е на повидок. Нема услови во земјата кои би овозможиле да се разреши кризата. Сугестиите од Европа се разбирливи и можат да се сведат на две аксиоми: прво, проблемите да се решаваат низ политички дијалог и второ, да се решаваат во рамките на институциите.

Но тие аксиоми иако неспорни во секое демократско општество, овде кај нас се речиси безвредни.

На внатрешен план е неопходно Заев да ги „испука сите свои бомби“, за да се види во јавноста бесмислената, неодговорна и крајно штетна политика на Груевски во водењето на земјата.

Груевски треба што поитно да си оди, и тоа да го стори без илузии дека некогаш ќе се врати во политиката на земјата, за да им биде јасно и на најзаслепените негови поддржувачи и „бранители“ на Македонија, како навистина стојат работите.

Пишува
Стојан АНДОВ

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”