Не жалат што биле премногу жестоки, туку што не биле доволно жестоки

by fokus

Секоја метода, секоја постапка, колку и да делува валкано, душмански, гадно, криминално дури, така делува само ако човек ја гледа од негативни позиции, а доколку ја стави во контекст на својата сакана кауза, делува не само како добра метода или постапка, туку и како премногу мека, премалку остра, требало појако да се оди, до крај.

До ден денешен вљубениците во комунизмот сметаат дека репресијата на УДБ-а не само што била оправдана туку дека требало и посилна да биде, оти токму мекоста на удбашите ја довела Југославија до криза и распад.

Истата логика ја имаат и вљубениците во ВМРО-ДПМНЕ кои сметаат дека Грујо беше премногу мек со предавниците, и дека требаше појако да мава, а само затоа што покажуваше милост и дојде до ова дереџе. Тие не жалат за направеното, тие жалат што не било направено повеќе.

Пишува
Нено БОГДАН

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС”