Прашањето што се уредува во Законот за употребата на јазиците генерално е во склад со Уставот, смета Наташа Габер Дамјановска. Сепак, има забелешки за дузина одредби, па очекува да претстои корекција и прецизирање на одредени членови од овој закон.
Поранешната уставна судијка е со став и дека Иванов мора да го потпише законот, затоа што има право на суспензивно, а не на апсолутно вето.
Во интервју за „Фокус“, со Габер Дамјановска разговаравме за потребата од сериозни реформи во правосудството, за непримерените лобирања против нејзиниот избор за судија во ЕСЧП, за нарушениот углед на Уставниот суд…
Во моментов, Наташа Габер Дамјановска е в.д. директор на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања, каде што работеше и пред да биде избрана за уставен судија. Редовен професор е на Правни и политички науки при УКИМ.
Разговараше
Јадранка КОСТОВА
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС”