Мицкоски ги заладува односите со Груевски и со Иванов

by vlatko 00:00
00:00

Иако високи партиски функционери на ВМРО-ДПМНЕ велат дека меѓу Мицкоски и Груевски немало никаква кавга, факт е дека тие подолго време не комуницираат и не соработуваат, поради што се верува дека односите им се заладени.

За екс лидерот на ДПМНЕ доаѓаат контроверзни информации во поглед на неговата улога и влијание во партијата. А со доекипирањето на партиските тела и органи, Мицкоски се обидува да ја засили својата позиција и да ги изолира кадрите на Груевски во комитетите.

Екс лидерот, пак, изнајми канцеларии во трговскиот центар „Палома бјанка“ што дополнително ги подгреа шпекулациите за нивниот заладен однос. Со претседателот Иванов, пак, веќе е јасно дека Мицкоски почна да се разидува по некои политички и стратешки прашања

Пишува
Влатко СТОЈАНОВСКИ

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС”