Наместо да ги штити лекарите, Комората се претвори во профитерски штаб!

by Фокус

Лекарската комора функционира повеќе од две децении, но на јавноста ѝ е малку познато за нивната работа и за тоа дали даваат отчет за парите што ги добиваат и ги трошат.

Ваквите проблеми испливаа на површина, откако пред три години се смени раководството на комората, со што според финансиските извештаи може да се забележи дека во касата на комората годишно влегуваат околу 800.000 евра.

Само од членарина од лекарите, на сметка на комората на годишно ниво легнуваат околу 130.000 евра, откако членарината се зголеми на 230 денари месечно по лекар, а претходно изнесуваше само 100 денари на месечно ниво.

Според извештаите, добро платени дневници од 6.000 денари по лекар добиваат и членовите на Извршниот одбор кој брои десет члена, а претходно за тоа не се земале никакви пари.

Пишува
Ирена МУЛАЧКА

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”