Mожеше да биде и полошо, ама сѐ уште може да биде и подобро!

by fokus

Во Македонија, колку посиромашни се луѓето, толку повеќе се склони да прифатат опција која не е навистина конзервативна, која не нуди задржување на статус квото, туку ветува промени, која нуди било личен бенефит за поддржувачите (ќе те вработат, ќе ти зголемат пензија, ќе ти дадат субвенција, ако имаш фирма пред банкрот тендерче ќе ти наместат за да преживееш и да им бидеш благодарен), било колективен бенефит, да бидат дел од нешто заедничко како славното ни античко минато или тезите за Македонија како геополитички фактор од кој ѝ се тресат нозете на семоќната Америка која прави сѐ за да нѐ сотре ама не успева оти ние сме многу јаки и сл.

Тезата „ништо не треба да се менува, освен тоа што веќе е сменето кое треба да се врати во претходната состојба“ им е драга само на оние кои би имале штета од промените или корист од враќањето на старата состојба.

Колку такви луѓе, навистина, има во Македонија? Не многу.

Тезата „сѐ треба да се промени, дури и тоа што сега функционира колку-толку, за да биде подобро“ им е драга на оние кои немаат што да изгубат од промените, а кои потенцијално би можеле многу да ќарат при трансформацијата. Колку такви луѓе има во Македонија?

Пишува
Нено БОГДАН

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”