Ме предупредија да се тргнам од истрагата за Младенов!

by Фокус

Случајот на новинарот Томислав Кежаровски е веројатно најконтроверзниот судско-политички предмет, кој во изминатите две години ја бранува македонската медиумска и политичка јавност, поради одлуката за негово затворање во предметот „Ликвидација“ во 2013 година, во кој беше првостепено осуден на четири и пол години затвор, за наводно оддавање идентитет на загрозен сведок.

Со текстовите што ги напишал во „Репортер 92“ во далечната 2008 година, Кежаровски, всушност, откри полициска местенка на лажен заштитен сведок во убиството во Ореше, поради што, пет години подоцна, додека ја истражуваше сомнителната сообраќајна несреќа во која загина новинарот Никола Младенов, доживеа полициски и судски прогон и неколкумесечен притвор.

По отпорот и протестите на новинарите, притисокот на меѓународните новинарски здруженија и дипломатите, казната на Кежаровски му беше намалена на 2 години, а од неодамна се наоѓа на слобода.

За предметот „Ореше“, Кежаровски сѐ уште не може да изнесува многу детали зашто му престои уште една инстанца од постапката – жалба пред Врховниот суд.

Во ексклузивен разговор за „Фокус“, Кежаровски говори за голготата низ која мина во изминатите две години

Разговараше
Зоран ДИМИТРОВСКИ

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”