„Фокус“ располага со сведоштва на роднини на стари лица што биле сместени во домот за стари лица во скопската населба Радишани.
Тие во детали објаснија како биле малтретирани нивните најблиски, кои го поминале прагот на оваа приватна установа, која според нив доби уште едно име „Дом на хоророт и измачувањето“.
Нивните роднини таму биле тепани, малтретирани и прегладнети. Милка Илиевска објаснува дека нејзината мајка станала коска и кожа, а кога починала, неколку дена не ѝ бил сменет памперсот.
Сопруга на поранешен полицаец, Зорка Петковска, исто така во детали објаснува како нејзиниот сопруг, кој бил само два дена во домот, го вратиле дома целиот крвав и прегладнет.
И двете спремаат тужби против, како што го нарекуваат, „Домот на пеколот“
Пишува
Ирена МУЛАЧКА
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС”