Дали милоста кон непријателите е истовремено и суровост кон пријателите?

by vlatko 00:00
00:00

Дали милоста која народот би почнал да ја покажува кон ВМРО-ДПМНЕ, после сѐ што направи лошо таа партија, е нефер кон СДСМ? Е, нефер е до даска.

Особено ако тоа е само глума и лага од страна на народот за да се уплаши власта од, демек, сѐ посилната опозиција.

Ама што е битно па тоа? Како кај спиновите, не е важно дали е точно или не, важно е само да даде конкретен резултат.

Ако глумењето на опозиционерство, ако преправањето дека народот му простил на ВМРО-ДПМНЕ го натера СДСМ од страв да почне да владее како што треба, тогаш вреди.

Само да не се претера со прагматизмот и кога ќе дојдат избори навистина да гласаат за ВМРО-ДПМНЕ сите оние кои во анкетите ќе кажуваат дека се за ВМРО-ДПМНЕ. Ако не се претера, навистина, зошто и народот конечно да не стане прагматичен?

Пишува
Нено БОГДАН

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС”