Македонија ја „крепат“ инвестициите од офшор-земјите

by Фокус

Владата на Груевски нетранспарентно троши непозната сума пари за привлекување инвестиции, им нуди поволности кои се во корист на странските сопственици, поткрепени и со „финансиски стимулации“ од како што нотира ММФ, а што е на товар на буџетот, додека на домашен терен креира амбиент на стопанство зависно од буџетските тендери, без поволни услови за инвестиции, отежнат пристап до поволни кредити и, згора на сѐ, им должи за извршени работи, а со помош на инспекциските тела, ги условува на послушност.

Нешто над половина од вкупните директни странски инвестиции во земјава од почетокот на годинава влегле од Сент Винсент и Гренадини. Вкупно 35,5 милиони евра се слеале од оваа популарна офшор-земја во Македонија, наспроти 33,6 милиони евра од сите останати набројани 55 земји.

Овој податок е само илустрација за фарсата наречена проект за привлекување странски инвестиции што се состои од скапоплатени реклами дома и во странство, роуд шоуа за кои власта не обелоденува колку чинат, економски промотори во амбасадите и петмина министри за странски инвестиции,

Пишува
Ида ПРОТУГЕР ВЕЉКОВИЌ

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”