Лекцијата за Македонците е дека нема таков „Ципрас“ што брише долгови направени во име на граѓаните

by Фокус

Ако Грција ја напушти еврозоната, првиот удар за населението ќе биде доста болен затоа што веројатно ќе следи девалвација на валутата (за да биде извозот конкурентен) и граѓаните кои се веќе исцрпени од кризата и мерките за штедење кои траат од 2008 г. дополнително ќе осиромашат.

Проблемот е што каков било излез од кризата е тешко можен така што Грците би живееле удобно, бидејќи долговите се реалност.

Се чини дека граѓаните тоа целосно не го разбираат и чекаат некој со волшебно стапче да ги ослободи од товарот што мислат дека им го наметнале политичките елити.

Јасно е дека мнозинството што гласаше за Ципрас единствено сакаше да се спаси од строгите мерки за штедење и во него го виде волшебното стапче за спас од проблемите.

Но, дали има друга алтернатива за до гуша задолжената земја освен да си ги плати долговите?

И дали тие полесно ќе се отплатат со останување на Грција во еврозоната и репресивната политика или ако таа почне сопствена монетарна приказна?

Пишува
Ида ПРОТУГЕР ВЕЉКОВИЌ

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”