Контаминиран тендер за детекција на шумски болести со дрон

by fokus

Компанијата „Флај кем“ на сопругот на Царовска склучи договор со Град Скопје на чело со Шилегов за детекција на шумски болести со помош на дрон во износ од еден милион денари, што претставува околу една третина од  вкупните тендери што ги добила компанијата и една третина од нејзините годишни приходи.

Експертите велат дека со дрон не може да се детектираат шумски болести, туку само да се мапираат ризични зони и ослабени растенија, по што е потребна теренска посета и испитување на мостри.

Она што е најпроблематично, во локалната самоуправа нема стручни лица кои соодветно ќе ги обработат направените записи.

Пишува
Влатко СТОЈАНОВСКИ

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК