Колку време земал мито директорот на клиниката за неврохирургија?

by fokus

Првиот човек на Клиниката за неврохирургија, д-р Александар Чапароски, кој десет години седи на директорското столче, заврши зад решетки поради примање поткуп од 1.000 евра од пациент.

Во неговата работна канцеларија, полицијата пронајде речиси 30.000 евра, и уште 10.000 евра во неговиот дом, пари за кои тој немал покритие. „Фокус“ дознава дека во банкарски сеф му се пронајдени уште 100.000 евра, но нив ги нема во соопштението на Обвинителството, што може да значи дека директорот го оправдал потеклото на тие пари. Нашите извори тврдат дека директорот Чапароски имал блиски релации со семејството Мијалкови

Пишува
Ирена МУЛАЧКА

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС”