Финансиските извештаи доставени до надлежните институции покажуваат дека политичките партии и коалиции ги финансирале кампањите за изминатите локални избори со средствата што ги добиле од државниот буџет, но и од страна на донатори.
Па така, ВМРО-ДПМНЕ ја финансирала кампањата преку стотици донации од физички лица, кои уплаќале суми од неколку илјади денари или од неколку илјади евра на партиската сметка по што дел од тие донации биле пренесени на наменска изборна сметка.
Наспроти тоа, СДСМ пријавил само десетина донации од физички лица, меѓу кои доминираат актуелните пратеници.
Што се однесува до ВЛЕН и до НАИ, најголем удел во структурата на финансирање имаат буџетските средства што ги добиле дел од партиите што партиципираат во овие коалиции.
Воедно, меѓу донаторите на партиите може да се сретнат и две компании, од кои едната е нова фирма со незначителна активност, а другата е поврзана со семејството на поранешен партиски лидер и премиер.
Пишува
Влатко СТОЈАНОВСКИ
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК