ФЗОМ не одобрува 50.000 евра месечно за продолжување на животот на 5-годишниот Лазар!

by bogdan 10:54
10:54

Болеста кај младиот Лазар постепено напредува. Единствениот спас во моментов, поточно за продолжување на неговиот живот е лек од 50.000 евра на месечно ниво, кој Фондот за здравство не му го одобрува, откако претходно трипати се лекувал на државна сметка.

Неговото семејство е ставено пред свршен чин, немаат избор и ги почнуваат долгите административни процедури по надлежните институции, само со една единствена цел – нивниот Лазар да продолжи да живее.

Сепак, ако и сега не го добие лекот, детето може да прекине да оди, да зборува, да добива епилептични напади и целосно да ослепи.

Тука почнува нивната битка со надлежните институции и борбата за живот на сега веќе петгодишното дете, кое во моментов е оставено на милост и немилост на државата.

Пишува
Ирена МУЛАЧКА

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК