Кога партиите ќе почнат да си личат како јајце на јајце, време е граѓаните да направат омлет од нив

by fokus

Белите мечки ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, можат да функционираат совршено и да доминираат со политичката животна средина на која се најдобро адаптирани.

Сѐ додека Македонија и нејзините граѓани се такви какви што се, сѐ додека луѓето го бараат и очекуваат од власта тоа што го бараат и очекуваат досега, најдобро адаптирани партии за да ги добијат нивните гласови ќе бидат дотичните партии такви какви што се.

Султански, клиентелистички, манипулативни, нарцисоидни, корумпирани и коруптивни, бесрамни и безидејни.

Кога граѓаните ќе ги променат своите очекувања и барања од партиите, тогаш партиите кои ги имаме сега, или ќе се адаптираат на новите животни услови или ќе изумрат.

Како бели мечки среде зелена тундра, никаков плен нема да можат да фатат во заседа и да преживеат. Како делфини во плитка вода, нема да можат да маневрираат и ќе се насукаат на брегот.

Пишува
Нено БОГДАН

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС”