Ѓорѓи Лазаревски ќе добие работа, Звонко Костовски ќе почека судска разврска

by fokus

Звонко Костовски и Ѓорѓи Лазаревски, односно луѓето што ја открија аферата за незаконското прислушување, а ставајќи се во животен ризик и себеси, но и своите семејства, и по една година од падот на режимот се оставени без работа.

Костовски е исправен и пред правна битка, односно сѐ уште самиот на плеќи ја носи одговорноста за нелегалното прислушување, бидејќи засега само тој е правосилно осуден, иако благодарение на него аферата беше откриена.

Поради небулозниот правен систем, тој истовремено е и осуден, но и главен сведок за нелегалното прислушување, а згора на сѐ и невработен.

Од владата велат дека и двајцата ќе добијат работен ангажман, но за Костовски прво ќе мора да завршат судските процеси

Пишува
Валентина ВУРМО

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС”