Во документите со кои располага „Фокус“, може да се забележи и лошото финасиско работење на Клиниката за државна кардиохиругија, а особено алармантно е во делот со набавката на потребните материјали за работа на реверс-позајмица, што е спротивно на Законот за јавни набавки.
Поточно, се набавуваат бројни скапи материјали по неколку илјади евра, без објавување тендери, во нетранспарентни постапки. Во прашање се над 300 илјади евра набавки на материјали на реверс за само две и пол години.
Од страна на вработени на клиниката поднесена е и пријава до Управата за финансиска полиција, за што ни потврди и актуелниот директор Слободан Ивановски, кој истакна дека ќе покренат истрага и ќе ги проверат бројните наводи за нерегуларности наведени во самата пријава.
Пишува
Ирена МУЛАЧКА
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК