Дали разврските во Кичево, Тетово, Струга и во Брвеница може да ја разнишаат владината коалиција и да донесат нов партнер на Илинденска?!

by bogdan 10:51
10:51

Во пресрет на вториот изборен круг дојде до одредени искри и тензии меѓу владините партнери ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН, кои се подготвуваат за меѓусебен судир во Брвеница и Долнени и притоа се мачат да изнајдат синхронизирана позиција околу Кичево, каде што, всушност, ќе се одвива битка на етничка основа меѓу кандидатите на ВМРО и ДУИ.

Иако се чини дека овие разлики и недоразбирања се надминаа, останува отворено прашањето како ќе се однесуваат етничките Македонци и гласачи на ВМРО-ДПМНЕ во Тетово, Струга, Дебар и во други општини, каде што може да бидат клучен фактор при изборот на градоначалник меѓу кандидатите на ВЛЕН и нивните противници.

Доколку во овие општини дојде до пресврт, колку тоа ќе влијае врз довербата и кохезијата во рамки на владината коалиција и дали евентуални вакви разврски може да донесат нов партнер на Илинденска, кој би бил извлечен од композицијата на НАИ?

Пишува
Влатко СТОЈАНОВСКИ

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК