Како Жерновски потроши повеќе од милион евра за хортикултурно уредување

by fokus

Во периодот од 2014 до 2016 година, Општина Центар склучила договори со четири компании за хортикултурно уредување во рамките на една рамковна спогодба и во четири одвоени постапки, чија вкупна вредност изнесува околу 1,3 милиони евра, од кои половина милион евра се слеале на контото на „Флорастат“, чиј сопственик е пријател со раководителот на секторот за јавни набавки во Центар и човек близок до Влатко Мијалков.

Притоа, сите постапки што ги спровела општината во областа на хортикултурата биле без конкуренција, со само еден понудувач, така што основниот критериум – најниска цена, всушност станува единствена цена.

А, од конкуренцијата зависи рационалното и ефикасното трошење на јавните пари!

Пишува
Влатко СТОЈАНОВСКИ

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС”