Како проектот за нови објекти на факултетите ФИНКИ и ДИФ поскапе од 20 на 40 милиони евра?!

by bogdan 12:58
12:58

Во 2015 година, Министерството за образование и наука склучи договор со „Бетон Штип“ за изградба на 2 објекти во дворот на УКИМ, каде што требаше да бидат сместени факултетите ФИНКИ и ДИФ, чија вредност изнесуваше нецели 20 милиони евра.

Меѓутоа, како што пишуваше „Фокус“, компанијата на Камчеви, Панделески и партнерите ги изгради овие објекти до фаза на карабина и за тоа наплати околу 3 милиони евра по што друштвото падна во стечај.

Во меѓувреме, сите влади и министри ветуваа дека ќе се доградат почнатите објекти, но тоа не се случило веќе цела деценија.

Откако беше изработена стручна анализа, МОН сега најавува дека ќе се деблокира процесот, така што двата почнати објекти ќе бидат само за ФИНКИ, додека за ДИФ ќе се гради нов објект.

Според одговорот што го добивме од МОН, завршувањето на проектот ќе чини 36 милиони евра, но, кога ќе се додадат и веќе потрошените средства, тој достигнува речиси 40 милиони евра, што е за двојно повеќе од првичната проекција.

Пишува
Влатко СТОЈАНОВСКИ

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК