Иако не стигна до зацртаната цел на последните локални избори – да освојат градоначалничко место, сепак Левица по последните локални избори се етаблираше како втора политичка сила во главниот град и неговите општини.
Изборниот резултат, проекциите за иднина, но и некои актуелни теми, беа повеќе од добра причина за разговор со лидерот на партијата, Димитар Апасиев.
Почнувајќи од актуелната тема со медицинска марихуана, минималната плата, но првенствено за конструктивноста што самиот тој ја покажа на последната лидерска средба, на која за првпат седна на заедничка маса со другите челници на партии.
Апасиев е уверен дека како партија се во перманентен раст и не е далеку денот кога ќе преземат одговорност со преземање или учество во власта, но, како што вели, не по секоја цена, туку со кристално јасна политичка основа.
Ако членството во ЕУ значи рамноправност, економски развој и почитување на државниот суверенитет – тоа е легитимна цел. Но, ако процесот се претвора во бесконечни уцени и услови без јасен рок и гаранции, тогаш државата мора рационално да ги преиспита своите опции во меѓународната политика
Разговараше
Зоран ФИДАНОСКИ
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК