Избројани му се деновите на пропагандистичкото новинарство

by Фокус

Во деновите кога ЗНМ слави 70 години постоење, еден своевиден парадокс е дека здружението никогаш не било поприсутно во јавноста, но новинарството никогаш послабо.

Во интервју за „Фокус“, првиот човек на ЗНМ, Насер Селмани, вели дека има многу причини зошто се создава таков впечаток.

„Прво затоа што луѓето не разбираат дека се работи за нерамноправна борба. Ова е борба меѓу Давид и Голијат. Се боревме со една крајна недемократска, авторитарна и корумпирана власт, која беше подготвена да ги злоупотреби сите државни институции и ресурси да се справува со едно новинарско здружение, со ограничени ресурси и со околу петстотини новинари“, вели Селмани.

Сепак, Селмани најавува подобри денови за новинарството, но и за демократската слика во земјата.

„Не верувам во приказните дека овде ќе преовладаат силите што сакаат Македонија да ја видат во прегратка на Путинова Русија или во некакво православно братство. Тоа е најпогубната варијанта за Македонија.

Не смееме евроатлантската перспектива да ја замениме со некакви специјални односи со Турција или со Израел. Тоа се само приказни за мали деца, во кои не веруваат ниту самите тие што ги промовираат таквите идеи“.

Разговараше
Младен ЧАДИКОВСКИ

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”