Изборните резултати навестуваат политички промени!

by fokus

Убедливата  победа на Силјановска над Пендаровски се чини дека уште во првиот изборен круг ги расчисти дилемите кој ќе биде идниот претседател, но и како ќе изгледа распоредот на силите во идниот парламентарен состав.

Овој резултат е неминовен кога ќе се вкрсти драматично надолниот тренд на СДСМ со растот на ВМРО-ДПМНЕ, кој не е со иста динамика, но сепак е континуиран.

Ваквите тенденции дополнително ќе се интензивираат поради психолошкиот ефект и опортунизмот кај дел од гласачите, меѓутоа, кога-тогаш, СДСМ ќе мора да се соочи со реалноста ако сака да избегне целосен колапс на политичката сцена, а ВМРО-ДПМНЕ многу бргу ќе мора да се соочи со предизвиците во кои се наоѓа државата и да понуди излезни решенија.

Она што е неизвесно е како ќе се развива ситуацијата во албанскиот блок, каде што ДУИ ја победи обединетата албанска опозиција, меѓутоа веројатно на крајот тоа ќе биде пирова победа, бидејќи се најавува владина коалиција меѓу ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ, која, пак, ја потисна Левица и се позиционира како трета политичка сила.

Пишува
Влатко СТОЈАНОВСКИ

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК