Или држава или поплава!?

by Фокус

Поплавата во Тетово и во Прилеп и овојпат нѐ изненади. Впрочем, како и неколкупати порано, кога со наврнат дожд и надојдени води, ние сме само изненадени.

Тогаш кога забележуваме дека токму нашите механизми за неизненадуваност, кои, патем кажано, се основен показател на државност во една држава, нас не ни функционираат.

Но, повеќе и од оваа наша константна изненаденост, поројните дождови во Шипковица, според кажувањата на тие што ги доживеале, биле дури и повеќе изненадни и ужасни: „За кратко време стана црно, лошо, и тоа се случи, престана и дождот, не знам што да кажам“, „Катастрофа… ја видовме смртта со очи, што да ви кажам“, „Немам коментар, ова беше критична ноќ. Две мали деца ни загинаа. Едното го  извадија, се трудиме сега да го извадиме и другото.“

Ова се само неколку кажувања на луѓе кои на враќање од работа одеднаш на местото на нивниот дом виделе само празнина.

Пишува
Рамадан РАМАДАНИ

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”