Груевски сѐ уште мисли да оди на избори на 5 јуни, ќе има ли со кого?

by Фокус 10:59
10:59

ВМРО-ДПМНЕ е решена да истрча на парламентарни избори на 5 јуни, без оглед што безмалку цела опозиција најави изборен бојкот, а и од ДУИ почнаа да стигнуваат сигнали дека нема да учествува на еднострани избори.

СДСМ и целокупната опозиција, пак, најавуваат бојкот на вакви избори со протести на улиците и блокади на избирачките места.

- Advertisements -

Дел од социјалдемократите заговараат радикализација на масовните протести во Скопје, која треба да резултира со запоседнување на дел од институциите.

Тоа, според партиски извори, неминовно би довело до кризна состојба, одложување на изборите до терминот за редовните локални избори во првата половина на 2017 година, а дотогаш да функционира влада на национален спас од експертски карактер, која ќе решава крупни политички прашања

Пишува
Влатко СТОЈАНОВСКИ

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”