Груевски ѝ продава на „Окта“ државно земјиште за кутија цигари

by fokus

Кога Груевски се расфрлаше со фалби дека македонските граѓани ќе можат да си ги откупат дворовите по едно евро за квадратен метар, сокривајќи го трагичниот епилог на ваквата распродажба на државното земјиште, буквално за две кутии гуми за џвакање, Радмила Шекеринска од СДСМ во интервју за „Фокус“, отворено тврдеше дека „најголемата приватизација во последните 20 години во Македонија е токму овој грабеж на градежно земјиште, кој се случува тивко и најчесто без каква било конкуренција“.

Токму така. Тивко, со непосредна спогодба и без конкуренција, градоначалникот на Општина Илинден Жика Стојановски, со аманет на владата на Груевски, влегол во зделка со компанијата „Окта“, која во општинската каса за почеток истурила 1,7 милион евра, за да купи 12 хектари  државно земјиште.

Предметот веќе девет месеци собира прашина кај Државниот правобранител, заробен во институционалниот ќор-сокак.

Пишува
Стојанка МИТРЕСКА

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС”