Груевски ѝ објави војна на Македонија, но и на ЕУ, НАТО и САД

by fokus

Барем според календарот, и Република Македонија влезе во Новата Година. За целиот свет е 2017, за нас, за жал, само – 2007 година. Затоа, Среќна Нова 2007 година! Да, да, 10 години безмилосно и нам и на државата ни ги украде досегашната власт на Груевски и Ахмети, седум години послушно поддржувана од сѐ уште претседателот д-р Ѓорге Иванов.

Толку долго пропаѓаме во темниот ќор-сокак на патот кон НАТО и ЕУ. A власта која по изборите се „тетерави“, спротивно на волјата на мнозинството сака пак да владее. Ако тоа се случи, сите отидовме наврат, „по ѓаволите“. Ако не, дури тогаш може да има некаква надеж за Македонија и за македонските граѓани.

Ќе биде бескрајно тешко и макотрпно да се надомести сето пропуштено во изминативе речиси 10 години. Полека и постепено да се наближуваме до Новата 2017 година.

Оти, ќе биде рамно на огромен и вистински подвиг – од Орвеловата „1984“ во која нѐ натераа да живееме последниве години, лесно и веднаш да се влезе во – 2017 година

Пишува
Александар ДИМИТРОВ

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС”