Груевски не заслужува веќе никакви избори. Само безусловна капитулација!

by Фокус

Во сета таа валкана приказна, ако за некого навистина ми е жал, тоа е баш Миле Јанакиевски.

Гревот, кога ќе го чуеше гласот на Груевски од телефонот, просто се здрвуваше, престануваше да дише, небаре лично сотоната му зборува.

Миле гмечи, нема глас, мрмори, а главниов навалува, притиска, безмилосно го стиска за гуша, сè додека на Миле не му текне да исчепка некоја нова идеја што ќе го задоволи газдата.

Затоа и оној Ставрески со право се плаши.

Се гледа, сè му е јасно, ама нема назад. Молчи, не се осмелува да писне.

И не само тој. Целото членство на ВМРО-ДПМНЕ почна да се плаши, не од Заев, ами од Груевски, лично. Интуитивно чувствуваат дека доаѓа крајот.

Пишува
Ана ПАНОВСКА

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”