Груевски може, Македонија не смее да пропадне!

by Фокус

Сите оние што играат шах со компјутер имаат чудно искуство. Велат дека дури и почетник може да го победи компјутерот, и кога е програмиран да игра како велемајстор. Требало само првите 10-15 потези да му се одиграат со најнелогични и најнеочекувани потези, оние „најпацерските“, и компјутер-шахистот е готов.

Му паѓа софтверот, милионите комбинации му се „избуричкуваат“. Едноставно, компјутерот не е програмиран и „научен“ да игра со таков „будала“. И тој „побудалува“.

Нешто слично, според оние кои се разбираат, е и кај криминолозите кои со компјутерски програми ги анализираат однесувањето и постапките на криминалците. Имено, тие компјутери ги програмирале според логиката и однесувањето на чесни и некриминогени луѓе, па затоа во анализите често грешеле.

Но, кога во програмите ја вградиле и логиката на „криминалните умови“, резултатите значително се подобриле.

Ќе можат ли Американците да ги заборават и запостават заедничките вредности за кои сме се определиле во Декларацијата за стратешко партнерство и соработка од 2008 меѓу САД и Македонија?

Ќе им биде ли сеедно на ЕУ, Германија, Италија, Франција и Велика Британија и на другите европски земји што се случува со критериумите од Копенхаген и европските вредности во Македонија?

Ќе дозволат ли кај нас да владеат автократите и клептократите?

Пишува
Александар ДИМИТРОВ

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”