Уште пред повеќе од 2 децении беа донесени првите детални урбанистички планови за локалитетите „Тасино чешмиче 1“ и „Тасино чешмиче 2“, кои се наоѓаат на потегот меѓу Клиничкиот центар и асфалтниот пат во правец кон Средно Водно и врвот на планината.
Во меѓувреме, овие планови повеќе пати беа ревидирани, модификувани, коригирани, така што во 2019 година Советот на Општина Центар ги интегрираше во единствен план „Тасино чешмиче 1 и 2“, кој е во сила до ден денес.
Покрај другото, овој план предвидува 9 станбени објекти во близина на хотелот „Панорамика“, веднаш покрај патот кон Водно, чија изградба моменално е во тек.
Имено, проверките што ги извршивме на терен покажуваат дека веќе се изведуваат интензивни градежни активности, така што дел од овие објекти се во фаза на поставување плоча, други се во фаза на карабина, а трети се во напредна фаза, имајќи во предвид се работи на фасадите.
Според податоците што ги обезбедивме од Катастарот на недвижности, овие згради со приземје и 3 ката, се градат на земјиште во сопственост на градежната компанија „Гранит“, која неодамна ја доби зделката за изградба на преостанатите 10 километри од автопатската траса кон Блаце тешка 222 милиони евра.
Пишува
Влатко СТОЈАНОВСКИ
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК