Според финансиските извештаи доставени до Централниот регистар, само „Систина“ лани направила приход од 65,7 милиони евра, додека, пак, инкасирала добивка од вкупно 4,6 милиони евра.
За разлика од таму, иако и Жан Митрев клиник работи турбо и со вртоглави цени, сепак неговиот профит лани изнесувал околу 22,1 милиони евра, што е за околу 40 милиони помалку од болницата, препознатлива по бизнисменот Камчев, кој од многу одамна не фигурира како сопственик на хартија.
Сепак, тоа не е доволно за болницата да опстои на линијата на профитабилноста, а исто така и во 2022 и во 2023 година работела со загуби.
Од друга страна, „Ремедика“, под раководната палка на Елица Јорданова, има приходи, и тоа од 9,4 милиони евра, но, сепак, инкасирала добивка од 1,7 милиони евра, што претставува зголемување во однос на претходните две години.
Пишува
Ирена МУЛАЧКА
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК