Имотот и сметките во банка, на дел од градоначалниците во земјава тежат најмалку 20 милиони евра, покажуваат податоците на Антикорупциската комисија.
Но, некои не го испочитувале законот до крај и во анкетните листови не го навеле имотот на своите партнери, родители и деца. Постојат разни случаи.
Дел од градоначалниците ги пополниле детално анкетните листови, додека други, пак, навеле дека немаат имот на нивно име и дека поседуваат само автомобил или кредит.
Некои од македонските градоначалници, не само што управуваат со богати општински имоти, туку некои од нив можат да се пофалат и со големо лично и семејно богатство вредно и над 800 илјади евра.
Со оглед на тоа дека локалните избори се на прагот, „Фокус“ одлучи да открие кои од актуелните градоначалници и кандидати поседуваат сопствени фирми, колку тежи нивната имотна состојба, како и колку од нив се кријат позади личните бизнис-интереси, продавајќи магла дека се скромни, „сиромашни“, блиски до обичните смртници.
Пишувa
Ирена МУЛАЧКА
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК