На претстојните локални избори се очекува Националната алијанса за интеграција предводена од ДУИ, од една страна, и ВЛЕН од друга страна, да водат најжестоки битки за урбаните општини со доминантно албанско население, кои имаат најголема политичка и симболична тежина – Чаир, Тетово, Гостивар, Струга и Дебар, чиј исход во голема мера ќе го одреди победникот во албанскиот блок.
Притоа, најинтересни и најзначајни дуели се очекуваат во Чаир и во Тетово, со оглед дека таму ќе има директен судир меѓу највисоките претставници на ДУИ и фронтмените на ВЛЕН.
Исто така, во оваа група влегува и Кичево, со тоа што таму во битката се вклучува и ВМРО-ДПМНЕ. Ако ВМРО-ДПМНЕ го посакува Кичево, како најважен изборен трофеј, со цел директно да го преземе од ДУИ, тогаш СДСМ со иста желба го таргетира Куманово, кое долги години беше бастион на СДСМ, сè додека не падна под контрола на ЗНАМ.
Воедно, за особено битни општини важат и скопските Центар и Карпош. И покрај големата победа во Центар на ланските избори, ВМРО-ДПМНЕ одлучи да го отстапи Центар на ЗНАМ, додека истовремено изразува силна амбиција да го освои Карпош, каде што СДСМ, пак, одлучи да исфрли свој кандидат наместо да го поддржи актуелниот градоначалник.
Има ли одредени калкулации во заднина?
Пишува
Влатко СТОЈАНОВСКИ
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК