Двајца Зорановци, а три Катици?

by Фокус

Некогаш си вели човек да не е проколната, бре, државава. Нема ли саглам луѓе за несаглам времиња? Специјалната обвинителка, во обид да избега од бремето на СДСМ-овизмот, стокми еден таков пржински, ем рамковен состав на обвинители, што во тимот уште Марко Зврлевски ѝ недостасува?!

Да оставам простор дека грешам, ама спец-корпусот на новата институција правен по системот едно мене – едно тебе – едно рамковно, не остава простор за премногу надеж.

Да се земат во тимот луѓето што учествуваа во политичко-монтираната касапаана во случаите, како „Ликвидација“, „Пајажина“ или „Пуч“, е еднакво на заебантската логика дека на МТВ треба да има еден канал за власта, еден за опозицијата (што, за среќа, не помина)!

Значи ли ова дека обвинителите од кај Маркота ќе го апсат Заев, а овие од кај Катето ќе удрат по Грујо. А овие рамковните не мора ни да одат на работа?!

Пишува
Младен ЧАДИКОВСКИ

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”