Девет години се премногу власт за исти ликови

by Фокус

„Актуелниот модел на владеење со сеење страв, заплашување, притисоци, закани, уцени и строго контролирање на поинакво мислење, ги урниса вредносните постулати на системот…

Се наруши базичниот принцип на поделба на власта, на законодавна, судска и извршна власт.

Потребни се длабоки резови, понизно и покајничко признавање на гревовните елементи на владеење и отстапување на партиската и јавната сцена на новата генерација на партиски соборци, мислители и интелектуалци, кои воопшто не се извалкани досега.“

Ова се опсервациите и предлозите на Љупчо Ристовски, доктор на политички науки, ама и доктор на теологија.

Жесток во анализата на бесконечната транзиција, на сите партиски врхушки, ама притоа останува на академско ниво на критиките.

Од друга страна разбирливо, ама и интересно, Ристовски е веќе 14 години државен советник во Владата на РМ.

Повод за интервјуто со овој некогашен студентски лидер беше неговата книга „Политичка визија – Вредносен модел на политички поредок“, за која вели дека „со Божја помош, треба наскоро да оди во печат“!

Разговараше
Јадранка КОСТОВА

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”