Деструктивна Партија за Мафијашко Незаконско Единство

by fokus

И така ова ДПМНЕ, со битката за Зврлевски и разните керефеки од деструктивен маштаб во парламентот, сѐ повеќе ми изгледа како кратенка од Деструктивна Партија за Мафијашко Незаконско Единство.

Колку ги исчуручија демократските стандарди е просто ужас. Груевизмот беше уникатен според новитетот – пишани реплики, ама и со циркусијадата за деструктивни офанзиви – десет пратенички групи.

Сега веќе се прославија со уште еден рекорд за Гинис. Ма, не е рекорд, куриозитет, оти нема со кого да се натпреваруваат на ова поле. Нема ни сто дена од новата влада, а тие бомбардираат со интерпелации.

Почнаа со Николовски, па Царовска, следуваше Димитров. Им честитам на сите министри што ќе се закитат со интерпелација од ДПМНЕ.

Да те прогласат груевци за несалам, тоа е сигурен знак дека си на вистинскиот европски пат.

Пишува
Јадранка КОСТОВА

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС”